„Приодот на Турција кон сите терористички организации е ист"

Премиерот Давутоглу одржа прес конференција во седиштето на ОН во Њујорк на која даде значајни изјави во однос на голем број прашања

347831
„Приодот на Турција кон сите терористички организации е ист"

Премиерот Ахмет Давутоглу на одржаната прес конференција во седиштето на ОН Њујорк даде значајни пораки.

Истакнувајќи дека Турција делува со одлучност во борбата против треоризмот, Давутоглу се осврна на значењето на соработката на глобален план по ова прашање и го рече следното: „Тероризмот е мошне значајно прашање кое што треба да заземе место на дневниот ред на сите нас независно од религиската, етничката или секташката припадност. Така и Турција се соочува со сериозни проблеми во борбата против ДЕАШ, ПКК, ДХКП/Џ и други терористички организации. Приодот на Турција по прашањето на тероризмот е ист од аспект на сите терористички организации. Сите лидери ќе ги информирам за начинот на поглед и активностите на Турција кон терористичките организации.“

На едно поставено новинарско прашање во врска со слободата на печатот Давутоглу истакна дека Турција е демократска земја и рече: „Денеска Турција се соочува со терористичките напади на ДЕАШ, ПКК и ДХКП/Џ. Во текот на борбата против тероризмот сите треба да покажеме почит кон одредени основни вредности. Не можеме да прифатиме да се врши пропаганда на некои терористички организации.“

Премиерот Ахмет Давутоглу направи проценка и на случувањата во Сирија и нејзиното опкружување при што напомена дека Асад врши воено злосторство.

„Личност број еден која е одговорна за сета оваа човечка трагедија е Асад. Тој употреби хемиско оружје и сето тоа претставува злосторство против човештвото. Не е можно да се изнајде решение во кое ќе го има. Треба да се води процес на транзиција без да ги има Асад и терористичките организации.“

По конференцијата за печатот Давутоглу пред Генералното Собрание на ОН говореше на Самитот за одржлив развој при што истакна дека проблемите како што се хуманитарните кризи и иселувањето на голем број луѓе од своите домови претставуваат сериозна закана за иднината на светот.

Истакнувајќи дека Турција ја зголемува помошта на земјите кои имаат потреба од неја, Давутоглу рече: „Само во 2014 година доставивме помош во висина од 3,5 милијарди долари. Во оваа точка преземаме одговорност во активностите за изградба на добра иднина за сите луѓе, а бидејќи сметаме дека е многу значајно никој да не заостанува.“

 


Тагови:

Слични вести