Во терористички напад животот го загуби 9 годишно девојче

Во терористички напад на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Бисмил кај градот Дијарбакир животот го загуби едно 9 годишно девојче

385396
Во терористички напад животот го загуби 9 годишно девојче

Крвавата терористичка организација ПКК посегнува и по животите на недолжните деца...

Во реализираниот терористички напад од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација во населеното место Бисмил кај градот Дијарбакир животот го загуби едно 9 годишно девојче.

Од управата на полицијата во градот Дијарбакир беше истакнато дека во населеното место Бисмил кај градот Дијарбакир дошло до вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и група припадници на терористичката организација кои го блокирале патот.

Притоа во нападот на терористите на ПКК со ракетен фрлач исфрлената граната паднала врз една куќа при што едно 9 годишно девојче го загубило животот, а 5 мина цивили биле ранети.

Во операцијата на безбедносните сили бил убиен еден терорист.

Терористичката организација ПКК реализира напад и на сервис возило кое превезуваше војници во населеното место Татван кај ргадот Битлис.

Во нападот беа полесно ранети 5 мина војници.

Здравствената состојба на ранетите војници била добра.

Во градот Сиирт пак бил фатен еден од двајца терористи кои се обидувале да постават експлозивна направа на еден моторцикл.

Во меѓувреме во престрелка со безбедносните сили беше убиен еден припадник на треористичката организација.

Убиениот терорист на себе носел два ракетни фрлачи, една рачна бомба, еден пиштол и три шаржери.


Тагови:

Слични вести