Турција за 25 години со население уште колку една Холандија

Бројот на жители на Турција која сега брои околу 75 милиони жители ќе се зголеми колку што брои една денешна Холандија за која пак се знае дека има 16,9 милиони жители

353909
Турција за 25 години со население уште колку една Холандија

Населението на Турција во 2040 година ќе се зголеми колку што сега брои населението на Холандија.

Според истражувањето на Европската канцеларија за статистика Евростат бројот на населениeто на Турција во 2040 година ќе достигне до 92 милиони. Односно бројот на жители на Турција која сега брои околу 75 милиони жители ќе се зголеми колку што брои една денешна Холандија за која пак се знае дека има 16,9 милиони жители.

Според истото истражување вкупниот број на населени во светот од сегашните 7,3 милијарди во 2040 година ќе достигне до 9 милијарди жители.

Бројот на населението во 28 земји членки на ЕУ во 2040 година со раст од 3,5-отсто од сегашните 506 милиони ќе се зголеми на 532,5 милиони жители.

Во 2060 година пак ќе нема промена во бројот на населението во земјите на ЕУ.

Од 2040 година до 2060 година бројот на населението на ЕУ ќе се зголеми за само 3,3 милиони жители.

Најбројната земја на светот Кина пак првото место по бројот на население ќе и го отстапи на Индија.

Спротивно на другите земји бројот на населението на Русија и Јапонија ќе се намали.

Јапонија која во 2013 година броеше 127,3 милиони во 2060 година ќе брои 102,5 милиони жители.

Бројот на населението на Русија пак во 2060 година од сегашните 143 милиони жители ќе опадне на 115 милиони. 


Тагови:

Слични вести