Претседателот Ердоган се состана со катарскиот емир ал-Тани

Претседателот Ердоган вториот ден од Курбан Бајрам во дворецот Хубер во Истанбул се состана на деловен доручек со катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани

392007
Претседателот Ердоган се состана со катарскиот емир ал-Тани

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган за муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам престојува во Истанбул.

Претседателот Ердоган вториот ден од Курбан Бајрам го започна со приеми.

Ердоган во дворецот Хубер во Тарабја се состана на деловен доручек со катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани.

На средбата освен за билатералните односи беа разменети мислења и во врска со низа актуелни регионални и меѓународни прашања.

Двајцата лидери Ердоган и Тани нагласија дека треба да бидат интензивирани напорите во правец на поттикнување на меѓународната заедница да стапи во акција против прекршувањата на правата на муслиманите во Газа и Месџид-и Акса од страна на Израел.

Ердоган и Тани исто така истакнаа дека загрижуваат блокадата на Газа од страна на Израел и активностите за проширување на еврејските доселенички населби.

Двајцата лидери нагласија дека зачувувањето на основата на легитимитетот во однос на прашањата за кои станува збор е значајно од аспект на засилувањето на меѓународната поддршка на Палестинците и притисоците врз Израел.

Освен тоа меѓу прашањата кои што беа поставени на дневен ред на средбата беа и случувањата во Сирија и Јемен.

Потоа претседателот Ердоган се состана со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.


Тагови:

Слични вести