Киличдароглу: „Сириските бегалци веќе се проблем на Европа"

Кемал Киличдароглу во рамките на својата турнеја по пет европски земји во холандскиот град Заандам се состана со турските граѓани при што рече дека сириските бегалци веќе претставуваат проблем на Европа

353846
Киличдароглу: „Сириските бегалци веќе се проблем на Европа"

Претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу во рамките на изборната кампања за претстојните парламентарни избори за 26-от состав на Собранието што ќе се одржат на 1 ноември ја продолжува својата турнеја по шест европски земји.

Киличдароглу во рамките на својата турнеја по Швајцарија, Франција и Белгија престојуваше во посета на Холандија, четвртата станица од неговата турнеја, а потоа ќе ги посети и Германија и Австрија.

Кемал Киличдароглу во холандскиот град Заандам се состана со турските граѓани при што се осврна на терористичките настани во Турција кои што продолжуваат веќе 30 години и во кои животот го загубија голем број граѓани.

На дневен ред на Киличдароглу беа и сириските бегалци кои бегајќи од војната во својата земја се принудени да ги напуштат своите домови.

Велејќи дека сириските бегалци веќе претставуваат проблем на Европа, претседателот на Републиканската наронда партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу истакна дека трајното решение за проблемот со бегалците е да се стави крај на војните во Ирак и Сирија.


Тагови:

Слични вести