Министрите од партија ХДП во преодната влада поднесоа оставка

Берил Дедеоглу е нова министерка за евроинтеграции, а Џунејд Дузјол министер за развој

353360
Министрите од партија ХДП во преодната влада поднесоа оставка

Министрите Муслим Доган и Али Хајдар Конџа од Демократската партија на народите (ХДП) во преодната Влада поднесоа оставка.

Премиерот Ахмет Давутоглу оставките на двајцата министри од партијата ХДП кои 25 дена останаа на министерската должност ги прифати со зборовите: Вашите оставки се ваша одлука исто како што донесовте одлука за учество во Владата.

На местото на министер за евроинтеграции во преодната влада кое беше испразнето со оставката на двајцата министри од партијата ХДП беше назначена Берил Дедеоглу, додека на местото за министер за развој беше назначен Џунејд Дузјол.

Професорката д-р Берил Дедоглу е членка на Установата за високо образование (ЈОК) и е позната со успешните активности во сферата на меѓународните односи, додека Џунејд Дузјол кој беше потсекретар на установата во која работеше, беше назначен за министер на истата.


Тагови:

Слични вести