ПКК се врати кон 90-те, а не државата

ХДП треба да се откаже од хипокризијата во врска со тероризмот

352895
ПКК се врати кон 90-те, а не државата

Премиерот Ахмет Даутоглу рече дека терористичката организација ПКК е таа која се врати кон 90-те, а не државата.

Во ексклузивното интервју за еден приватен ТВ канал, премиерот Ахмет Давутоглу во освртот на актуелните прашања рече дека Демократската партија на народите (ХДП) треба да се откаже од хипокризијата во врска со тероризмот. Партијата ХДП влезе во криза меѓу тоа дали да остане политичко движење или пак да продолжи со напорите за легитимизирање на тероризмот, рече премиерот Давутоглу потенцирајќи дека ХДП треба да се извлече од хипокризијата.

Терористичката организација ПКК и нејзините фракции наместо да настапат по демократски пат, го преферираат методот во Сирија и вложуваат напори да формираат простор за влијание во Турција.

Целта ни е да ја разоружиме терористичката организација, барањата во однос на демократизацијата да се дискутираат во демократска средина и сите чекори што треба да се преземат да ги фрлиме заедно, рече премиерот Давутоглу.

Исто така сме решителни во рамките на борбата против тероризмот, да не се нанесе штета на цивилното население, рече премиерот Давутоглу потенцирајќи дека ние не се вративме кон 90-те години. Доколку се оствари само еден илегален чин кон граѓаните, ние ќе ја побараме сметката за тоа. Терористичката организација ПКК е таа која се врати кон 90-те, а не државата. Трговците со оружје и дрога се тие кои се вознемирија од реториката дека ПКК ќе го положи оружјето. Имаме доволно информации и познавања за тоа кои се разузнавачки служби со кого и за кои теми разговараа на Северот на Ирак. Многу добро ни е познато кој се сака преку терористичката организација ПКК да ја ослаби и да и наштети на Турција, рече премиерот Давутоглу.


Тагови:

Слични вести