Во две големи операции убиени 95 терористи

Во две големи операции на Турските вооружени сили внатре во границите на земјата и надвор од земјата во северниот дел на Ирак беа убиени 95 терористи

390470
Во две големи операции убиени 95 терористи

Внатре во границите на земјата и надвор од земјата во северниот дел на Ирак беа реализирани две големи операции против терористичката организација ПКК.

Во операциите на Турските вооружени сили поддржани од воздух и од копно беа убиени 95 терористи.

Во првата прекугранична операција воени авиони Г-16 и Ф-4 ги бомбардираа терористичките кампови во Синат-Хафтанин на северот на Ирак.

Притоа беа погодени со стопостотна прецизност пештери, шатори поставени под дрвјата во шумата, места за засолнување со специјална заштита, магацини за логистика и муниција и засолништа над земјата.

Во операцијата беа убиени 60 терористи.

Втората воздупшна операција на Турските вооружени сили беше реализирана внатре во границите на земјата во населеното место Оваџик кај градот Тунџели.

Притоа во рамките на добиени информации кои беа доставени до безбедносните сили беше реализирана операција и од водух и од копно против терористичката група составена од 30 лица.

Во операцијата беа убиени 35 терористи.


Тагови:

Слични вести