Товарен брод удри во чамец со мигранти кај Чанаккале:13 загинати

Во морето во близина на градот Чанаккале товарен брод удри во чамец во кој се наоѓале мигранти кои се обидувале да преминатзаминат за грчкиот остров Митилини-Лесвос (турски Мидилли) при што животот го загуибија 13 лица

352120
Товарен брод удри во чамец со мигранти кај Чанаккале:13 загинати

Во морето во близина на селото Бабакале во населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале товарен брод удри во гумен чамец во кој се наоѓаа 46 мигранти кои по незаконски патишта се обидуваа да заминат за грчкиот остров Лесвос-Митилини (турски Мидилли).

Во несреќата животот го загубија 13 мигранти, од кои 6 деца, една жена и 6 мина машки мигранти.

Причина за смртта на 13-те мигранти бил судирот на товарниот брод со гумениот чамец, а не давење.

4 од 9 повредени лица биле излечени на местото на несреќата, додека 5 мина биле префрлени на лекување во Државната болница во Ајваџик. 20 мигранти пак биле спасени од страна на екипите на грчката крајбрежна стража.

Во тек се активностите за трагање по 4 мигранти за кои се вели дека се водат како исчезнати по несреќата.


Тагови:

Слични вести