Кукавички напад на полициско возило кај Хаќќари

Во моментот на поминување на оклопно полициско возило на 30-от километар на магистралниот пат Хаќќари-Ван беше активиран експлозив поставен на патот од страна на терористи на ПКК при што двајца полицајци го загубија животот

388149
Кукавички напад на полициско возило кај Хаќќари

На 30-от километар на магистралниот пат Хаќќари-Ван во југоисточниот дел на земјата во моментот на поминување на оклопно полициско возило беше активиран експлозив поставен на патот од страна на припадници на терористичката организација ПКК.

Во кукавичкиот напад животот го загубија двајца припадници на полицијата, а двајца припадници се ранети.

Повредените полицајци беа префрлени на лекување во Државната болница во Хаќќари.

За фаќање на терористите е започната операција во подрачјето.


Тагови:

Слични вести