Генерал на армија Хулуси Акар во посета на ТРСК

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар денеска ќе престојува во официјална посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

349896
Генерал на армија Хулуси Акар во посета на ТРСК

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар својата прва официјална надворешна посета ќе ја оствари денеска на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Генерал на армија Хулуси Акар во рамките на оваа негова посета најпрвин ќе биде премиен кај претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, а потоа ќе ја посети претседателката на Републичкото Собрание Сибел Сибер во нејзината канцеларија.

Потоа генерал на армија Хулуси Акар ќе биде примен и кај премиерот Омер Калјонџу.

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар својата посета ќе ја заокружи со посета на Командата на турските мировни сили на Кипар каде што ќе изврши обиколка на турските единици. 


Тагови:

Слични вести