5-от самит на Турскиот совет се одржува во Астана

Главна тема на дневниот ред беше соработката во сферите на информирањето и медиумите

378077
5-от самит на Турскиот совет се одржува во Астана

5-от самит на Турскиот совет на туркофонските земји кој е познат и како „Türk Keneşi“ се одржува во Астана, главниот град на Казахстан.

Турција на самитот ја претставуваат претседателот на собранието на Исмет Јилмаз и министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу.

На вчерашниот прв ден на самитот се состанаа министрите за надворешни работи на земјите членки Турција, Азербејџан, Казахстан и Киргистан.

Главна тема на дневниот ред беше соработката во сферите на информирањето и медиумите.

Министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу на колегите со кои се состана им предложи да формираат заеднички ТВ канал.

Синирлиоглу во оваа прилика рече дека во тие рамки можат да се искористат искуствата на ТРТ.

Синирлиоглу упати повик за преземање заеднички активности за заштита на Кримските татари како и во борбата против тероризмот.

Министерот Феридун Синирлиоглу одржа тет-а тет средби со колегите.

Портпаролот на МНР Танжу Билгич во оваа прилика рече дека се изготвува книга за заедничката историја на турскиот свет и дека се остваруваат активности за објавување книги за заедничката географија и книжевност.

6-от Самит на туркофонските земји чија тема ќе биде „Младите“ се предвидува да се одржи во Бишкек, главниот град на Киргистан.


Тагови:

Слични вести