Отворен оган врз војската на границата со Сирија

Од сириска страна на границата бил отворен оган на пограничната караула Џилвеѓозу во населеното место Рејханли кај градот Хатај при што еден војник го загубил животот

377609
Отворен оган врз војската на границата со Сирија

Во огнот отворен од сириска страна на границата во населеното место Рејханли кај градот Хатај во близина на граничниот премин Џилвеѓозу еден војник го загуби животот на своето стражарско место.

Според објавеното соопштение од губернијата на Хатај синоќа околу 02 часот по полноќ од сириска страна на границата бил отворен оган врз војниците на задача во пограничната караула Џилвеѓозу на Командата на вториот пешадиски пограничен полк.

Притоа во огнот еден војник бил ранет по што веднаш бил префрлен во Државната болница во Антакја, но и покрај сите интервенции на лекарите го загубил животот.

Турските безбедносни сили распоредени во областа во рамките на правилата на ангажман веднаш одговориле со противоган на областа од која бил отворен огнот.

Во меѓувреме е донесена одлука за затворање на граничниот премин Џилвеѓозу за сите влезови и излези, до издавање на втора наредба.


Тагови:

Слични вести