Кирби: Силно ги осудуваме терористичките напади на ПКК

Портпаролот на Стејт департментот  Џон Кирби истакна дека неговата земја силно ги осудува нападите на терористичката организација ПКК во Хаќќари и Игдир во кои животот го загубија 16 војници и 14 полицајци

377177
Кирби: Силно ги осудуваме терористичките напади на ПКК

САД уште еднаш ги осудија нападите на терористичката организација ПКК против турските безбедносни сили.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби истакна дека неговата земја силно ги осудува нападите на терористичката организација ПКК во Хаќќари и Игдир во кои животот го загубија 16 војници и 14 полицајци.

Изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите војници и полицајци во терористичките напади, Кирби упати повик до терористичката организација ПКК која се наоѓа во списокот на терористички организации и на САД да стави крај на насилството.

Кирби рече: „Ја повикуваме ПКК да се врати на процесот за изнаоѓање мировно политичко решение.“

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби исто така ги поддржа изјавите на политичките лидери со осудување на насилството и со повик за ладнокрвност.


Тагови:

Слични вести