Терористички напад врз полициско возило кај Мардин

Во експлозија на мина поставена на патот од страна на терористите во моментот на поминување на полициско возило во близина на населеното место Даргечит кај градот Мардин животот го загуби еден полицаец, а тројца полицајци се ранети

376698
Терористички напад врз полициско возило кај Мардин

Во објавеното соопштение од губернијата на градот Мардин се истакнува дека експлозивна направа поставена на патот била активирана со далечинско управување од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација во моментот на поминување на полициско возило во близина на населеното место Даргечит кај градот Мардин.

Притоа во кукавичкиот напад животот го загуби еден полицаец, а тројца полицајци се ранети.

Како што се наведува во соопштението ранетите војници се вон животна опасност.


Тагови:

Слични вести