Протести ширум Турција за проколнување на тероризмот

Десетици илјади турски граѓани во голем број градови и помали населени места ширум Турција излегоа на улиците и го проколнаа тероризмот

376655
Протести ширум Турција за проколнување на тероризмот

Голем број граѓани на сите четири страни на Турција излегоа улиците  протестирање против терористичките напади во Хаќќари и Игдир и за проколнување на тероризмот.

Во главниот град Анкара беше одржат протест пот мотото „Почит кон војниците-шехиди, проколнување на тероризмот“ при што голем број лица се собраа пред кампусот на Универзитетот Гази во Бешевлер каде што со турски знамиња во рацете и со слогани маршираа кон плоштадот Кизилај.

Бројната група им оддаде почит со едномонутно молчење на загинатите војници во терористичките напади, по што беше испеана националната химна и беа читани молитви.

Во Истанбул на повик на фондацијата „Улку Оџаклари“ во Меџидијеѓој се собраа илјадници лица кои со турски знамиња во рацете маршираа кон плоштадот на населбата Бешикташ.

Групата извикуваше слогани „Шехидите не умираат, татковината е неделлива“ и повремено беше поддржувана и од голем број граѓани.

Протести за проколнување на тероризмот беа одржани и во други голем број населби на Истанбул.

Освен во главниот град Анкара и во Истанбул десетици илјади граѓани излегоа на улиците со турски знамиња во рацете и протестираа против тероризмот и во други голем број градови како што беа Измир, Бурса, Конја, Самсун, Трабзон, Јозгат, Мерсин, Хатај, Кахраманмараш, Карабук, Токат, Кириккале, Аксарај, Ќутахја, Чанаккале, Сакарја, Баликесир, Амасја, Денизли, Коџаели,  Ајдин Мугла и други градови и помали населени места кширум земјата.

Фудбалерите на Газиантепспор кои пред тренингот отворија големо турско знаме, како и таксистите и моторџиите во населеното место Чорлу кај градот Текирдаг кои формираа конвој го проколнаа тероризмот.

Синдикатите во склопот на Конфедерацијата на синдикатите на служебниците исто така објавија заедничко соопштение во кое го проколнаа тероризмот.


Тагови:

Слични вести