Повик од Давутоглу за зачувување на јавниот ред и поредокот

Премиерот Ахмет Давутоглу издаде директива до надлежните органи веднаш да бидат преземени неопходните мерки за зачувување на јавниот ред и поредокот во земјата

376656
Повик од Давутоглу за зачувување на јавниот ред и поредокот

По последните терористички напади се одржуваат протести против тероризмот ширум земјата.

На протестите повремено доаѓа и до насилства на што изјава пристигна од премиерот Ахмет Давутоглу кој рече дека е издадена директива до надлежните органи веднаш да бидат преземени неопходните мерки за зачувување на јавниот ред и поредокот во земјата.

Давутоглу ги повика граѓаните да имаат доверба во својата држава и ја даде следната порака: „ Додека со голема решителност ги продолжуваме операциите против тероризмот во рамките на правото, нема да дозволиме да дојде и до братска кавга.“

Давутоглу и во својата порака што ја напиша преку социјалната мрежа Твитер истакна дека во Ван учествуваше на церемонијата што беше одржана за војниците кои го загубија животот во терористичкиот напад во Даглиџа.

Давутоглу рече дека младите фиданки чии посмртни останки беа покриени со турско знаме беа испратени во нивниот вечен дом со тажалки на турски, курдски и арапски.

„Во Ван уште еднаш бев сведок дека сите поединци на нашиот народ со иста решителност стојат рамо до рамо. Заедничката борба што ја водиме против тероризмот уште повеќе ги зајакнува нашите братски врски.Цел на тероризмот е да ги раскине нашите нераскинливи братски врски и да создаде раздор меѓу браќата. Никој не треба себе си да се поставува над законите. Казната на тероризмот ќе му ја изречат нашите безбедносни сили и судството во склопот на правото.“ - напиша Давутоглу во својата порака на Твитер.


Тагови:

Слични вести