Сочувство од Меркел и Наваз Шериф до Давутоглу

Германската канцеларка Меркел и пакистанскиот премиер Шериф го изразија своето сочувство до премиерот Давутоглу поради терористичкиот напад во Даглиџа

376645
Сочувство од Меркел и Наваз Шериф до Давутоглу

Германската канцеларка Ангела Меркел и пакистанскиот премиер Наваз Шериф го побараа по телефон премиерот Ахмет Давутоглу до кого го изразија своето сочувство поради терористичкиот напад во Даглиџа во кој животот го загубија 16 војници, а 6 војници беа ранети.

Пакистанскиот премиер Наваз Шериф го изрази своето жалење поради загинатите припадници на безбедносните сили и циливите во последните реализирани терористички напади. Шериф му рече на Давутоглу дека неговата земја како и секогаш е во солидарност со турскиот народ.

Премиерот Ахмет Давутоглу му се заблагодари на пакистанскиот премиер и рече дека пакистанскиот народ секогаш стои покрај Турција.

Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонскиот разговор со Давутоглу исто така го изрази своето сочувство за изгубените животи во нападите на терористичката организација ПКК.

Во телефонскиот разговор беше нагласено значењето од заедничкото делување во борбата против тероризмот на ПКК.

Ангела Меркел истакна дека ПКК е терористичка организација и подвлече дека не постои никакво двоумење и во однос на заедничката борба против истата.


Тагови:

Слични вести