Безбедносен состанок во претседателската палата

Под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа безбедносен состанок кој траеше приближно 1 час и 15 минути

343278
Безбедносен состанок во претседателската палата

Синоќа во претседателската палата во Бештепе под претседателство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган се одржа безбедносен состанок.

Според добиени информаци од кабинетот на претседателот на безбедносниот состанок било разговарано за кукавичкиот терористички напад во населеното место Даглиџа кај градот Хаќќари во кој животот го загубија 16 војници, а 6 војници беа повредени.

Безбедносниот состанок траеше приближно 1 час и 15 минути и на истиот освен претседателот Ердоган учествуваа претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмет Јилмаз, премиерот Ахмет Давутоглу, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, министерот за правда Кенан Ипек, министерот за внатрешни работи Селами Алтинок, министерот за одбрана Веџди Ѓонул, командантот на Жандармеријата генерал на армија Галип Менди, потсекретарот на Националната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан, генералниот директор на полицијата Џелалеттин Лекесиз и други надлежни високи функционери.


Тагови:

Слични вести