Акцент на братството од вицепремиерот Јалчин Акдоган

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган во својата порака на Твитер го напиша следното: „„Ниту една провокација и валкана игра не ќе може да го расипе нашето илјадо годишно братство“

376649
Акцент на братството од вицепремиерот Јалчин Акдоган

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган во својата порака што ја напиша преку социјалната мрежа Твитер ја истакна решителноста на Турција во борбата против тероризмот.

„Ниту една провокација и валкана игра не ќе може да го расипе нашето илјадогодишно братство“ – напиша Акдоган на Твитер.

Во врска со терористичките напади Јалчин Акдоган истакна дека борбата против тероризмот ќе продолжи со решителност како внатре во границите на земјата така и прекуграницата, а како што рече во рамките на законите и за заштита на правото на граѓаните.

Акдоган истакна дека силата во борбата што се води против оние кои посегнуваат против територијалниот интегритет и братството на Турција се добива од благословот и молитвите (довите) на народот.

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган во својата порака преку Твитер решителноста на Турција во борбата против тероризмот ја изнесе со зборовите: „Домашните и странските соработници на тероризмот и терористите кога тогаш со силната волја на нашиот народ ќе го добијат и заслужениот одговор.“


Тагови:

Слични вести