Шпанија сака да ја продолжи мисијата на НАТО во Турција

Шпанскиот министер за одбрана Моренес рече: „Доколку Сојузот (НАТО) кон мисијата приклучи други земји Шпанија своето присуство на Турција би можела да го продолжи на подолг временски период.“

375872
Шпанија сака да ја продолжи мисијата на НАТО во Турција

Шпанскиот министер за одбрана Педро Моренес истакна дека и покрај тоа што САД и Германија на крајот на годината ќе ја завршат мисијата на НАТО во Турција, неговата земја согласно дадените ветувања ќе остане во Турција до месец јануари.

Моренес во дадената изјава за официјалната агенција на својата земја ЕФЕ напомена дека Шпанија ќе остане сама во мисијата на НАТО која што го опфаќа распоредувањето на ракетните батерии Патриот и за која беше соопштено дека ќе заврши во месец јануари.

Шпанскиот министер за одбрана Моренес рече: „Доколку Сојузот (НАТО) кон мисијата приклучи други земји Шпанија своето присуство на Турција би можела да го продолжи на подолг временски период.“

Привлекувајќи внимание дека неговата земја ќе го напушти Авганистан по реализираната мисија во времетраење од 14 години, Моренес наведе дека на задача во оваа земја се наоѓаат 464 шпански војници од кои повеќето се распоредени во Херат.

Моренес нагласи дека до последната недела на октомври шпанските војници ќе се вратат во својата татковина и рече: „Ја завршивме нашата мисија и договорот со Италијанците кои посакаа од нас да останеме во Херат и да ја преземеме управата со аеродромот и болницата.“

Шпанскиот министер за одбрана Педро Моренес истакна дека само некаде околу 20 шпански војници ќе останат во главниот град Кабул каде што ќе и помагаат на авганистанската влада во одбраната.

Моренес додаде дека 14 годишната мисија во Авганистан ја чинеше неговата земја 3 милијарди и 200 милиони долари и дека во текот на мисијата своите животи ги положија и 99 шпански војници.


Тагови:

Слични вести