„Проблемот со мигрантите е проблем на целото човештво"

Потпретседателот на владата Џевдет Јилмаз истакна дека проблемот со мигрантите е проблем на целото човештво и рече: „Светот очекуваме да покаже поголемо интересирање кон оваа човечка драма.“

375099
„Проблемот со мигрантите е проблем на целото човештво"

Заврши состанокот на министрите економија и гувернерите на Централните банки на земјите од групата Г-20 чиј домаќин беше Анкара.

Во текот на дводневниот состанок беа поставени на маса глобалната економија, рамката на раст, меѓународната финансиска архитектура, инвестирањето-инфраструктурата и финансиските регулативи.

На дневен ред на разговорите исто така се најде и проблемот со илегалните мигранти.

Потпретседателот на владата Џевдет Јилмаз истакна дека проблемот со мигрантите е проблем на целото човештво.

Велејќи дека овие проблеми влијаат негативно на економскиот раст во светот, Јилмаз рече: „Се доживува човечка трагедија. Присутните проблеми не треба да се сметаат само како одговорност на Турција. Светот очекуваме да покаже поголемо интересирање кон оваа човечка драма.“

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард и се заблагодари на Турција која прими голем број сириски бегалци и нагласи дека проблемот со мигрантите претставува заеднички проблем на целото човештво.

Лагард рече: „Тоа што една земја е географски блиску не значи дека располага и со одговорност. Ние треба да гледаме како би можеле да помогнеме во оваа хуманитарна криза.“


Тагови:

Слични вести