Парична награда за пријавување терористи

Со 200 000 турски лири ќе биде награден секој кој што ќе пријави терорист, терористичка група, терористичка акција, нивни помагачи или јатаци

372065
Парична награда за пријавување терористи

Секоја информација која ќе послужи за обелоденување или откривање на терорист ,група или акција ќе биде земена во обзир и користена заради сузбивање на терористички групи.

Лицето кое ќе пријави не треба да биде инволвирано во било каква терористичка активност и освен на редот на селски чувари да не припаѓа на било која безбедносна или воена формација и да не биде воено или цивилно службено лице.

Висината на паричната награда ќе ја определи комисијата за парична награда која ќе биде посебно формирана, и ќе зависи од видот и важноста на информацијата.

Наградата ќе може 20 пати да се дуплира доколку информацијата се однесува на терорист на челна или на една од челните места во терористичката организација.

 


Тагови:

Слични вести