Давутоглу го соопшти составот на преодната влада

Во привремениот кабинет членуваат 24 министри од кои 12 од претходниот состав, 11 нови и еден министер кој го промени ресорот

371178
Давутоглу го соопшти составот на преодната влада

Премиерот Ахмет Давутоглу го соопшти составот на новиот кабинет кој ќе ги спроведе новите избори на 1 ноември годинава.

Предлогот на премиерот Давутоглу го одобри претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Во привремениот кабинет членуваат 24 министри од кои 12 од претходниот состав, 11 нови и еден министер кој го промени ресорот.

Премиерот Ахмет Давутоглу ќе има 4 помошници и тоа Јалчин Акдоган, Нуман Куртулмуш, Џевдет Јилмаз и Тугрул Туркеш .

Министер за надворешни работи стана Феридун Синирлиоглу, за одбрана Веџди Ѓонул кој и порано ја извршуваше оваа функција, за внатрешни работи Селами Алтинок, а Ајшен Ѓурџан е првата министерка во Република Турција со шамија.Таа ќе го води ресорот за семејство и социјални политики.

Министерот за финансии Мехмет Шимшек и понатаму ќе го води ресорот, министер за евроинтеграции е Али Хајдар Конџа.


Тагови:

Слични вести