Директни авионски линии од Измир за Германија, Франција и Италиј

Туркиш ерлајнс планира од идната туристичка сезона да воведе директни летови од Измир за Германија, Франција и Италија

370887
Директни авионски линии од Измир за Германија, Франција и Италиј

Турскиот авионски превозник Туркиш ерлајнс планира од идната летна туристичка сезона да воведе директни летови од Измир за Германија, Франција и Италија.

Веста ја најави генералниот директор на компанијата Темел Котил кој по тој повод рече дека новината се воведува како потреба како од аспект на туризмот така и од аспект на развивање на економијата на Измир.

Туристичките стопанственици на Измир веста за воведувањето на новите линии ја дочекаа со коментарот дека Измир ќе се претвори во Барцелона на Истокот.

Тоа воедно значи и претворање на измирскиот аеродром Аднан Мендерес во 2 по важност аеродром во земјата веднаш после аеродромот Ататурк во Истанбул.

 


Тагови:

Слични вести