Во сабота Турција ќе добие изборна влада

Пристигнуваат одговори од пратениците на поканата на премиерот Ахмет Давутоглу за учество составот на изборната влада која ќе треба да ги спроведе изборите на 1 ноември

370280
Во сабота Турција ќе добие изборна влада

Поканата беше упатена до дел од пратеници од редовите на Народната републиканска партија, Партијата за национално движење и до Демократската партија на народите.

Пратениците од Народната републиканска партија Ердоган Топрак, Илхан Кесиџи, Ајше Билгехан и Текин Бинѓол не ја прифатија поканата на премиерот Давутоглу.

Пратеникот од Партијата за национално движење Тугрул Туркеш ја прифати поканата, а неговите сопартијци Кенан Танрикулу и Мерал Акшенер ја одбија.

Тугрул Туркеш поради партиска недисциплина ќе биде исклучен од партијата соопштија извори на партијата.

Пратениците на Демократската партија на народите ја прифатија поканата на премиерот Давутоглу изјавувајќи дека тоа е став на нивната партија.

На местото на пратениците кои не ја прифатија поканата на премиерот Давутоглу ќе бидат назначени непартиски личности.

Изборната влада на Турција ќе биде составена најдоцна до сабота.

 


Тагови:

Слични вести