Во прекуграничните операции на 21 август убиени 70 терористи

Во две одделни прекугранични воздушни операции на Турските вооружени сили на 21 август беа убиени 70 терористи на ПКК, а голем број терористи беа повредени

340344
Во прекуграничните операции на  21 август убиени 70 терористи

Продолжуваат прекуграничните операции против терористичката организација ПКК.

Во две одделни воздушни операции на Турските вооружени сили на 21 август против засолништата и магацините со муниција на терористичката организација во северниот дел на Ирак беа убиени приближно 70 терористи, а голем број терористи беа повредени.

Во реализираните воздушни операции со диригирани проектили на засолништата каде што се криеле припадници на терористичката организација во североисточниот дел на селото Бокрискан во областа на планината Кандил на северот на Ирак и на магацините за муниција во нивна близина, беа убиени приближно 40 терористи, а некаде околу 60 терористи беа повредени.

Турските вооружени сили истиот ден на 21 август реализираа воздушна операција и на областа за засолнување на терористите Метина на северот на Ирак.

Во операцијата на 1250 метри југоисточно од селото Оро во која беше погодена пештерата која од страна на терористите била користена како место за засолнување и магацин за животни потреби, беа убиени приближно 30 терористи, а 25 терористи беа тешко повредени.

Во меѓувреме Генерлштабот соопшти дека била извршена уште една воздушна операција врз цели на сепаратистичко-терористичката организација (ПКК) во северниот дел на Ирак во која биле убиени 35 терористи. 

На тој начин заедно со реализираните воздушни операции на 21 август во последниот еден месец беа убиени приближно илјада терористи.

Загинатите терористи за да не биде познат точниот број биле закопувани во колективни гробници.

Од друга страна безбедносни извори истакнуваат дека терористите во полседно време наместо со свои таканаречени униформи облекувале цивилна облека и на тој начин ги продолжувале своите активности.


Тагови:

Слични вести