Познат бројот на министри на партиите во привремената влада

Во привремената изборна влада освен премиерот Давутоглу и тројца независни личности ќе учествуваат 11 министри на АК Партијата, 5 министри на ЏХП и по 3 министри на МХП и ХДП

369385
Познат бројот на министри на партиите во привремената влада

До премиерот Ахмет Давутоглу кој од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган беше овластен за формирање на привремената изборна влада беше доставена и шемата со бројот на министри од партиите кои ќе учествуваат во владата.

Според добиени информации од владини извори шемата во врска со бројот на министри од страна на Големото Народно Собрание на Турција му беше испратена на премиерот Давутоглу.

Според тоа освен премиерот и трите министерски функции (за правда, внатрешни работи и транспорт) на АК Партијата и се паѓаат 11 министри, на Републиката народна партија (ЏХП) 5 и на Партијата за националистичко движење (МХП) и Демократската партија на народите (ХДП) по 3 министри.

Така во согласност со оваа шема премиерот Ахмет Давутоглу утре ќе им испрати покани на пратениците на политичките партии во Собранието.


Тагови:

Слични вести