Писмо од група млади Курди до претседателот Ердоган

Во писмото кое што група курдски младинци го испратија до претседателот Ердоган се истакнува дека курдските младинци се оние кои биле најголема жртва на терористичките напади

368832
Писмо од група млади Курди до претседателот Ердоган

Група млади од курдско потекло напишаа писмо до претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во кое истакнаа: „Ние сме свесни за вашaтa пожртвуванa и посветена работa. Курдите и Турците се браќа.“

Групата млади Курди во писмото го напишаа следното: „Ние сме млади кои оваа татковина ја прифатиле за своја сопствена родбина, славното знаме со полумесечина и ѕвезда го прифатиле за свое достоинство и своја чест, кои биле сведоци на предавството на терористите кои посегнуваат по целовитоста на земјата и кои биле изложени на зулумот и страшните уништувања на терористичката организација ПКК.“

Во писмото беше нагласено дека курдските младинци се оние кои биле најголема жртва на нападите на терористичките организации и останатите формации кои повеќе од четвртина век извршуваат подли напади против турскиот и курдскиот народ.

Во писмото исто така се потенцира дека стотици илјади курдски младинци се спремни да ги исполнат своите одговорности и обврски кои што им припаѓаат за братството и единството како и бестрашното виорење на славното турско знаме.


Тагови:

Слични вести