Истече рокот од 45 дена за состав на нова влада

Премиерот Ахмет Давутоглу го соопшти патот што ќе го следи доколку од страна на претседателот Ердоган му биде дадена задачата за формирање на привремената изборна влада

339783
Истече рокот од 45 дена за состав на нова влада

Истече рокот од 45 дена за формирање нова влада предвиден со Уставот.

Сега погледите се свртени кон претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој денеска ќе го прими претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмет Јилмаз и потоа се очекува да донесе одлука за одржување избори.

Донесената одлука за избори во рок од 48 часа ќе биде соопштена од владата.

Откако одлуката за повторување на изборите ќе биде објавена во Службеникот весник во рок од 5 дена ќе треба да се формира привремена влада која ќе управува со земјата до изборите.

Премиерот Ахмет Давутоглу го соопшти патот што ќе го следи доколку од страна на претседателот му биде дадена задачата за формирање на привремената изборна влада.

Покрај Демократската партија на народите (ХДП) која претходно соопшти дека ќе учествува во владата што ќе се формира, премиерот Давутоглу истакна дека ќе достави предлог за министерства и до пратениците на Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата за националистичко движење (МХП) кои пак претходно изјавија дека нема да учествуваат во привремената изборна влада.

Истакнувајќи дека според Уставот предлог за министерска функција им се доставува на личности, Давутоглу рече дека и тој ќе постапува во тој правец.

„Ќе доставам предлог до сите партии. Да прифатат или не претставува нивно сопствено право. Сепак не треба да се отфрли овој предлог. Доколку бидат претставени сите партии ќе се намали и тензијата.“ рече премиерот Ахмет Давутоглу и додаде дека неговата партија подготви формула и во врска со пратениците кои претходно не можеа да се кандидираат по третиот мандат како и за новите пратеници кои се во третиот пратенички мандат.


Тагови:

Слични вести