Давутоглу: Братството на овие територии ќе продолжи вечно

Премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека братството меѓу Турците, Курдите, Алевитите и Сунитите на овие територии ќе продолжи вечно

368825
Давутоглу: Братството на овие територии ќе продолжи вечно

Премиерот Ахмет Давутоглу даде порака за решителност во борбата против тероризмот.

Давутоглу во владиниот дворец на Чанкаја ги прими членовите на Конфедерацијата на селските чувари и загинатите во борбата против тероризмот и во говорот што го одржа во оваа пригода нагласи дека братството меѓу Турците, Курдите, Алевитите и Сунитите ќе продолжи вечно.

Велејќи „Терористичките организации ДЕАШ и ПКК ќе бидат поразени пред решителниот став на нашата држава“, Давутоглу подвлече дека луѓето на овие територии ќе им ја дадат потребната лекција на оние кои издаваат директива за предизвикување неред во Турција.

Давутоглу нагласи дека е стапено во акција против оние мрачни средини кои го нарушуваат јавниот ред и мирор и спокојството, се закануваат на правото на живот на граѓаните, присилно собираат пари, ги носат младите на планините и ја зацрнуваат нивната иднина.

Премиерот Ахмет Давутоглу напомена дека и покрај стапиците кои што ги поставуваат терористите и нивните надворешни поддржувачи етничкото, верското и секташкото братство на овие простори ќе продолжат вечно.


Тагови:

Слични вести