Синот на Абдуллах Ѓул, Ахмет Мунир Ѓул стапи во брак

На церемонијата на венчавање на синот на 11-от претседател на Републиката Абдуллах Ѓул, Ахмет Мунир Ѓул во Истанбул учествуваше и државниот врв

339132
Синот на Абдуллах Ѓул, Ахмет Мунир Ѓул стапи во брак

Синот на 11-от претседател на Републиката Абдуллах Ѓул, Ахмет Мунир Ѓул синоќа стапи во брак со Ајше Зехра Карадере, која инаку студира последна година на Медицинскиот факултет на Универзитетот Хаџеттепе во Анкара.

На церемонијата на венчавање во Истанбул учествуваше и државниот врв.

Младиот пар беше венчан од страна на градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш, додека сведоци на венчавката беа претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција Исмет Јилмаз и премиерот Ахмет Давутоглу.

На свадбената церемонија учествуваа и голем број политичари, како и познати личности.

На свадбата беа поканети 1500 лица, додека по церемонијата на венчавање се читаше Куран.

Семејството Ѓул посака на церемонијата на венчавање наместо да се испраќа цвеќе да бидат посадени дрвја на Универзитетот Абдуллах Ѓул во Кајсери.


Тагови:

Слични вести