Денеска истекува рокот од 45 дена за состав на нова влада

Доколку претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го искористи своето овластување за донесување одлука за повторување на изборите Турција за прв пат во својата историја ќе оди на избори со привремена влада

339327
Денеска истекува рокот од 45 дена за состав на нова влада

Денеска истекува рокот од 45 дена за формирање нова влада предвиден со Уставот.

Доколку претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го искористи своето овластување и одлучи изборите да се повторат Турција за прв пат во својата историја ќе оди на избори со привремена влада.

Претседателот Ердоган на 9 јули за мандатор за состав на 63-та влада го назначи претседателот на АК Партијата и премиер Ахмет Давутоглу.

На крајот од остварените коалициони разговори на Давутоглу со Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата за националистичко движење (МХП) не можеше да се постигне поволен резултат.

Давутоглу на 5 дена пред истекот на законскиот рок од 45 дена за состав на нова влада му го врати мандатот на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

Поради неповолниот резултат од процесот за формирање нова влада за прв пат во историјата на Турција еден претседател на државата ќе го искористи своето овластување за донесување одлука за повторување на изборите.

Откако претседателот Ердоган ќе одлучи изборите да се повторат одлуката во рок од 48 часа ќе биде соопштена од страна на владата.

Изборите треба да се одржат првата недела по истекот на 90 дена од датумот од донесување на одлуката за повторување на изборите, меѓутоа Високиот изборен совет (ЈСК) овој рок планира да го скрати на 60 дена.


Тагови:

Слични вести