240 терористи им се предадоа на безбедносните сили

Од 24 јули досега 240 припадници на терористичката организација ПКК им се предадоа на турските безбедносни сили, додека во операциите на турските безбедносни сили од 22 јули досега се убиени 812 терористи

339149
240 терористи им се предадоа на безбедносните сили

Од 24 јули досега 240 припадници на терористичката организација ПКК им се предадоа на турските безбедносни сили.

180 терористи од нив по реализираните воздушни операции на Турските вооружени сили избегале од камповите на планината Кандил и околината.

Останатите 60 терористи претходно избегале и се засолнале во северниот дел на Ирак по што им се предале на турските безбедносни сили.

Во реализираните операции на турските безбедносни сили против терористичката организација ПКК внатре во границите на земјата и надвор од земјата преку границата од 22 јули досега се убиени 812 терористи.

Припадниците на терористичката организација кои им се предадоа на турските безбедносни сили истакнуваат дека спротивно на она што се пропагира во организацијата биле дочекани добро од страна на турските војници и ги повикаа своите другари и тие да се предадат.

Терористите кои се предадоа велат дека голем број нивни другари кои се наоѓаат во камповите сакаат да се предадат, но дека оние кои ќе бидат фатени при обид за бегство биле убивани од страна на организацијата.

Припадниците на терористичката организација истакнуваат дека по бомбардирањето на терористичките кампови на планината Кандил и во околината од страна на турските воени џетови, голем број терористи избегале од организацијата.


Тагови:

Слични вести