Ќе биде скратен рокот за повторување на изборите

Во Службениот весник на Р. Турција беше објавена одлуката на Високиот изборен совет (ЈСК) дека согласно членот 9 од законот број 2839 Советот располага со право на кратење и применување на утврдените рокови во врска со изборите

338260
Ќе биде скратен рокот за повторување на изборите

Високиот изборен совет (ЈСК) ја објави во Службениот весник на Република Турција одлуката во однос на тоа дека во случај на повторување на изборите има надлежност за кратење на рокот од 90 дена кој што стои во законот.

Во одлуката се потсетува дека согласно членот 9 од законот број 2839 Високиот изборен совет (ЈСК) располага со право на кратење и применување на утврдените рокови во врска со изборите.

Во објавената одлука се додава следното:

„На 18 август 2015 година едногласно е одлучено дека Високиот изборен совет (ЈСК) согласно членовите во Уставот за предвидените датуми и рокови во врска со изборите е надлежен за нивно кратење, одлуката да биде објавена во Службениот весник и примерокот од одлуката од страна на Генералната дирекција за Избирачкиот список да биде објавен на интернет адресата на Советот www.ysk.gov.tr “


Тагови:

Слични вести