Документот за прекугранични операции испратен во Собранието

Владата го потпиша документот за овластување на Турските вооружени сили (ТВС) за реализација на прекугранични операции во Ирак и Сирија по што истиот беше испратен на одобрение во Собранието

337705
Документот за прекугранични операции испратен во Собранието

Турција ги презема неопходните мерки против заканите на својата јужна граница.

Владата го потпиша документот со кој се дава дозвола за прекугранични операции во Ирак и Сирија по што истиот беше испратен на одобрение во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Документот предвидува овластување на Турските вооружени сили за реализација на прекугранични операции, како и префрлување на странски вооружени сили преку териториите на Турција или нивно распоредување согласно рамката што ќе биде определена од страна на владата.

Според тоа рокот на документот за прекугранични операции во Сирија и Ирак се предвидува да биде продолжен за уште една година.

Во документот кој со потписот на премиерот Ахмет Давутоглу беше испратен во Собранието се привлекува внимание кон порастот на заканите во тековната година насочени против националната безбедност на земјата.

Рокот на претходно усвоен документ за овластување на армијата за прекугранични операции истекува на 2 октомври.

За продолжување на мандатот на документот треба да се свика вонредна седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), потоа да се поведе дискусија и истиот да да биде одобрен.


Тагови:

Слични вести