Турција го осуди ББС за емисијата во врска со терористичката ПКК

Турското министерство за надворешни работи остро го ББС за емисијата што ја емитуваше во врска со терористичката организација ПКК

336733
Турција го осуди ББС за емисијата во врска со терористичката ПКК

Емисијата во врска со терористичката организација ПКК, која реализира крвави кукавички напади во Турција, што беше емитувана преку британскиот информативен сервис ББС, наиде на остра реакција кај Турција.

Турското министерство за надворешни работи остро го осуди емитување на една ваква емисија преку екраните на ББС.

Во објавеното соопштение од министерството за надворешни работи се истакнува дека емитувањето на емисијата за која станува збор е неприфатливо и се додава следното: „Емитувањето на една ваква емисија во врска со терористичка организација која се дефинира како терористичка од страна на голем број земји на чело со земјите на ЕУ, претставува отворена поддршка на тероризмот.“

Во соопштението се нагласува дека од ББС се очекува информативната политика што ја следи во врска со Ирската републиканска армија (ИРА) да ја применува и за терористичката организација ПКК, а исто така се укажува на тоа дека емитување на овие видови емисии претставува очајно прекршување и на правата на оштетените од терористичките организации.

Во продолжението на соопштението на турското министерство за надворешни работи се потсетува следното:

„Терористичката организација само во последниот еден месец масакрираше 64 лица, рани 350 лица, 16 лица киднапира, изврши саботажи на железнички линии, брани, транспортни инфраструктури и возила . Терористичките организации се хранат и од ваквата поддршка и неодговорниот и дволичен приод што се следи по прашањето на тероризмот. Емисијата која е во прашање е конкретен показател и доказ за тоа.“


Тагови:

Слични вести