Повик од Давутоглу до ЏХП и МХП за состав на влада во Собранието

Премиерот Давутоглу ги повика Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата за националистичко движење (МХП) да се формира преодна влада во рамките на собранието

336288
Повик од Давутоглу до ЏХП и МХП за состав на влада во Собранието

Премиерот Ахмет Давутоглу пред истекот на рокот од 45 дена за формирање нова влада упати последен повик до опозицијата да се постигне спогодба за преодна влада.

Велејќи „Одлуката за предвремени избори наместо претседателот на Републиката да ја донесе собранието“, Давутоглу истакна дека е подготвен да се седне и да се разговара во секое време се додека не се изнајде решение во собранието.
Велејќи дека доколку овој негов повик остане без одговор ќе биде поставено на дневен ред формирањето на привремена изборна влада, премиерот Ахмет Давутоглу додаде дека сите политички партии кои се претставувани во собранието треба да дадат свој член во оваа влада што ќе се формира која ќе управува со земјата до изборите.

Потсетувајќи дека активностите на политичките партии за формирање влада останаа без резултат, премиерот Давутоглу ги повика Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата за националистичко движење (МХП) за формирање на преодна влада во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и за донесување одлука за предвремени избори во рамките на собранието.

Велејќи „Одлуката за предвремени избори наместо претседателот на Републиката да ја донесе собранието. Дојдете ние заеднички да ја извршиме нашата задача и оваа одлука да ја донесеме пред 24 август“, Давутоглу истакна дека е подготвен да седне и да разговара во секое време се додека не се изнајде решение во собранието.“

„Ако е во прашање нашиот народ ние ќе го оставиме нашето его настрана“ – потенцира Давутоглу.

Правејќи проценка на учеството на демократската партија на народите во привременатаизборна влада, Давутоглу рече: „ Доколку Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата за националистичко движење (МХП) одговорат на овој мој повик, нема да се соочиме со извесен безбедносен проблем.“

Во врска со терористичките настани пак премиерот Ахмет Давутоглу напомена дека ќе бидат преземени сите видови безбедносни мерки за одбрана на демократијата, јавниот ред и мир и спокојството на граѓаните.


Тагови:

Слични вести