Високиот изборен совет ги започна подготовките за нови избори

Високиот изборен совет (ЈСК) ги интензивира подготовките за одржување нови парламентарни избори

335789
Високиот изборен совет ги започна подготовките за нови избори

Високиот изборен совет (ЈСК) ги започна подготовките за нови избори.

Советот го достави до политичките партии нацртот на календарот на изборите според кој се предвидува да се одржат на 1 ноември 2015.

Откако останаа само уште неколку денови до истекот на законскиот рок од 45 дена за формирање нова влада предвиден со Уставот, а исто така зајакна и можноста од повторување на изборите, Високиот изборен совет (ЈСК) ги интензивира своите работи.

Во тие рамки Советот располага со право на кратење на рокот од 90 дена предвиден во законот за парламентарни избори и доколку биде донесена одлука за повторување на изборите подготви нацрт календар според кој подготовките ќе бидат завршени во рок од 60 дена.

Во календарот според кој се планира парламентарните избори да се одржат на 1 ноември роковите во однос на некои прашања како што се приговорите за избирачкиот список или процесот на кандидирање за пратеник.

Нацртот им беше доставен на претставниците на четирите политички партии во Високиот изборен совет.

По работите кои што партиските претставници ќе ги реализираат со функционерите на своите партии во однос на нацртот, доколку имаат предлози и размислувања истите ќе ги достават до Советот.

Високиот изборен совет (ЈСК) во правец на овие погледи и размислувања ќе му го придаде конечниот облик на нацртот по што ќе биде утврден и конечниот датум на одржување на изборите.


Тагови:

Слични вести