Турција и Азербејџан ќе одржат заеднички воени маневри

Заедничките турско-азербејџански воени маневри по име „Орел ТуркАз“ ќе започнат на 22 август и ќе траат во текот на 28 дена

335554
Турција и Азербејџан ќе одржат заеднички воени маневри

Според објавеното соопштение од азербејџанското министерство за одбрана на заедничките воени маневри кои ќе бидат одржани со Турција освен воени авиони и транспортни авиони ќе учествуваат и воени хеликоптери.

Во рамките на воените маневри се планира да бидат извежбани активности како што се реализација на заедничка операција, активности за пребарување и спасување и гаѓање на утврдени цели.

Заедничките турско-азербејџански воени маневри по име „Орел ТуркАз“ ќе започнат на 22 август и ќе траат во текот на 28 дена.


Тагови:

Слични вести