Продолжуваат операциите против терористите од воздух и од копно

Турските воени авиони од воздух, а копнените сили од копно ги продолжуваат операциите од широк обем против терористичката организација ПКК

336285
Продолжуваат операциите против терористите од воздух и од копно

Борбата против тероризмот продолжува и од воздух и од копно.

Воени авиони Ф-16 кои полетаа од 8-та главна Џет база во Дијарбакир жестоко ги бомбардираа камповите на терористичката организација ПКК на турско-ирачката граница.

Притоа беа уништени и доведени во неупотреблива состојба голем број терористички засолништа и пештери.

Операциите против сепаратистичко-терористичката организација продолжуваат и од копно.

Вроди со резултат операцијата од широк обем што беше започната за неутрализирање на терористите кои го блокираа магистралниот пат Дијарбакир-Бинѓол и притоа поставија кукавичка заседа на патот во која животот го загубија четворујца војници.

Во операцијата во која учествуваат 700 воојници досега се неутрализирани 14 терористи.

Во населеното место Силван кај градот Дијарбакир во вооружена престрелка со безбедносните сили беа неутрализирани четворујца терористи на ПКК.

Продолжуваат и вооружените престрелки во населеното место Шемдинли кај градот Хаќќари каде што минатата недела беше убиен полицискиот началник Ахмет Чамур.

Досега се убиени 8 терористи.

Меѓу убиените терористи се наоѓа и терористот кој на 28 јули во населеното место Шемдинли го застрела кукавички од грб постариот водник Зија Сарпкаја.

Безбедносните сили и во населеното место Коџали кај градот Адијаман во чекор следат група терористи.

Во досегашните престрелки се убиени двајца терористи, а двајца војници се полесно повредени.


Тагови:

Слични вести