„Или ќе го положат оружјето, или ќе ја напуштат земјата"

Претседателот Ердоган истакна дека терористите членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК или ќе го положат оружјето, или ќе ја напуштат земјата

334285
„Или ќе го положат оружјето, или ќе ја напуштат земјата"

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата говореше пред кметовите од различни градови ширум земјата.

Притоа укажувајќи на растечкиот бран на тероризмот во последните недели, претседателот Ердоган рече: „Зарем не беа укинати поделбите како што се Турци, Курди, Лази, Черкези? Беа укинати. И покрај тоа која е причината се уште во оваа земја да се убиваат младите фиданки?“

Велејќи „Да го кажам тоа што сакаат овие. Овие се во обид за поделба на нашата земја“, Ердоган продолжи со следните зборови:

„Нашите граѓани кои ги губат животите во настаните кои што се случуваат денеска, зарем не се жители на овој регион? Терористите ги напаѓаат амбулантните коли кои носат болни, оштетени стануваат луѓето од регионот. Ги палат камионите кои носат материјали за потребните на тамошното население, повторно оштетени стануваат луѓето од регионот. Терористите поставуваат мини на патот, го попречуваат транспортот и превозот. Повторно оштетени стануваат луѓето од регионот, оние кои живеат таму. Се палат училиштата, се оштетуваат возилата на Црвената полумесечина Кизилај кои собираат крв, се попречуваат градбените активности на браните, се креваат во воздух гасоводите. Оние кои стануваат оштетени се луѓето од регионот.“


Тагови:

Слични вести