Еден војник го загуби животот во Лиџе кај Дијарбакир

Во вооружена престрелка помеѓу војската и терористи на ПКК во руралното подрачје на Лиџе кај градот Дијарбакир животот го загуби еден војник, а тројца војници беа повредени од кои еден потешко

370693
Еден војник го загуби животот во Лиџе кај Дијарбакир

Во вооружена престрелка помеѓу војската и припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Лиџе кај градот Дијарбакир животот го загуби еден војник.

Во вооружената престрелка помеѓу војската која вршеше пребарување и чистење на теренот и терористите во руралното подрачје на населеното место Лиџе тројца војници беа повредени од кои еден потешко.

Продолжуваат судирите во областа каде што е испратен и еден хеликоптер од типот Кобра.

Во областа во понеделникот беше прогласен полициски час кој што утрово во 07:00 часот беше укинат.


Тагови:

Слични вести