Во Ајваџик кај Чанаккале фатени 327 илегални имигранти

Екипите на турската крајбрежна стража при контролите забележаа илегални имигранти кои со гумени чамци пловеле кон грчкиот остров Лесвос-Митилини (Мидилли)

330092
Во Ајваџик кај Чанаккале фатени 327 илегални имигранти

Во Мраморното море во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале беа фатени 327 илегални имигранти кои по илегални патишта се обидуваа да заминат за Грција.

Екипите на турската крајбрежна стража при контролите забележаа илегални имигранти од сириско и авганистанско државјанство кои со гумени чамци пловеле кон грчкиот остров Лесвос-Митилини (Мидилли).

Притоа 327 илегални имигранти беа фатени во морето во близина на селото Бадемли и заливите Сивриџе и Кадирга.

По завршување на законските постапки илегалните имигранти беа испратени во Одделот за депортирање при Полициската управа на Ајваџик од каде што ќе бидат депортирани.


Тагови:

Слични вести