Во експлозија на мина кај градот Карс загина еден војник

Во експлозија на поставена мина од страна на терористите во месноста Бостанкале помеѓу населените места Кагизман и Дигор кај градот Карс еден војник го загуби животот, а еден војник беше повреден

329438
Во експлозија на мина кај градот Карс загина еден војник

Во експлозија на мина поставена од страна на терористите на ПКК на патот кај градот Карс животот го загуби еден војник, а еден војник беше повреден.

Кај градот Игдир пак во огнот што беше отворен од страна на терористите беа повредени двајца војници.

Кукавичкиот напад со поставена мина од страна на терористите на ПКК се случи во месноста Бостанкале помеѓу населените места Кагизман и Дигор кај градот Карс.

Притоа во експлозијата еден војник загина, а еден војник беше повреден.

Повредениот војник со амбулантна кола беше префрлен на лекување во Државната болница во Харакани.

Безбедносните сили за фаќање на терористите започнаа операција поддржана и од воздух.

Во меѓувреме група терористи отворија провоцирачки оган на жандармериската команда на висорамнината Корхан кај градот Игдир при што двајца војници беа полесно повредени.

Повредните војници беа префрлени на лекување во Државната болнива во Игдир.


Тагови:

Слични вести