Во напад на терористите во Шемдинли загина еден полицаец

Припадници на терористичката организација ПКК отворија оган со автоматско оружје на безбедносните сили во населеното место Шемдинли кај градот Хаќќари при што еден полицаец го загуби животот

329058
Во напад на терористите во Шемдинли загина еден полицаец

Во населеното место Шемдинли кај градот Хаќќари во близина на границата со Ирак од страна на припадници на терористичката организација ПКК беше отворен оган со автоматско оружје на безбедносните сили.

Притоа во вооружената престрелка до која дојде помеѓу терористите и безбедносните животот го загуби еден припадник на полицијата.

До вооружена престрелка дошло откако безбедносните сили пристигнале на местото каде што припадниците на терористичката организација ископувајќи ровови со булдожер се обидувале да го блокираат влезот на населеното место Шемдинли.

За фаќање на терористите е започната операција од широк обем.


Тагови:

Слични вести