Во напад на терористите во Јуксекова загинаа тројца војници

Група терористина ПКК отвори оган на безбедносните сили во населеното место Јуксекова кај градот Хаќќари при што животот го загубија тројца војници, а 6 војници беа повредени

327882
Во напад на терористите во Јуксекова загинаа тројца војници

Терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК отворија оган на безбедносните сили кои вршеа активности за пребарување и чистење на теренот во областа Даглиџа на 45 километри од населеното место Јуксекова кај Хаќќари, во близина на границата со Ирак.

Притоа дојде до вооружена престрелка во која тројца војници го загубија животот, а 6 војници беа повредени.

Поврдените војници со хеликоптери беа префрлени во болница.

Пристигнуваат вести дека вооружената престрелка помеѓу групата терористи и безбедносните сили продолжува и дека во областа се испратени дополнителни сили.

За неутрализирање на терористите во областа се реализира и операција од широк обем поддржана и од воздух.


Тагови:

Слични вести