Во кукавичка заседа кај Бинѓол загинаа тројца војници

При експлозија на поставена мина од страна на терористите на магистралниот пат Бинѓол-Ерзурум во близина на населеното место Карлиова животот го загубија тројца војници, а 6 војници беа повредени од кои еден потешко

328960
Во кукавичка заседа кај Бинѓол загинаа тројца војници

Поставена мина од страна на припадниците на терористичката организација ПКК во близина на населеното место Карлиова на магистралниот пат Бинѓол-Ерзурум беше експлодирана во моментот на поминување на оклопно воено возило.

Во експлозијата тројца војници го загубија животот, а 6 војници од кои еден потешко беа повредени.

Според објавеното соопштение од Генералштабот група терористи го блокирале магистралниот пат Бинѓол-Ерзурум. 

Жандармериските екипи за специјална операција кои заминале на местото на настанот за отворање на магистралниот пат во близина на селото Хаџилар западнале во заседа.

Поставената мина од страна на терористите на патот во моментот на поминување на оклопното воено возило била експлодирана со далечинско управување и во кукавичката заседа животот го загубиле тројца војници, е 6 војници од кои еден потешко биле повредени.

По случајот беше започната операција за фаќање на терористите.

Притоа дојде и до вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и терористите и како што се истакнува продолжува започнатата операција поддржана и од офанзивни хеликоптери и дополнителни сили кои беа испратени во областа.

Од друга страна продолжува и лекувањето на повредените војници кои беа префрлени во болниците во градот Бинѓол.


Тагови:

Слични вести