Поддршка од САД на Турција
Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби истакна дека операциите против терористичката организација ПКК и борбата против терористичката ДЕАШ (ИДИЛ) се одделни прашања

Белата куќа соопшти дека не се приклучува кон тврдењата околу тоа оти Турција постигнатиот договор во борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) го искористува за реализација на воздушни операции против терористичката организација ПКК.
Изјавата пристигна од портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби.
Велејќи дека операциите против терористичката организација ПКК и борбата против терористичката ДЕАШ (ИДИЛ) се одделни прашања, Кирби рече дека Турција располага со право на самоодбрана против терористичките напади.
Џон Кирби привлече внимание на значењето на безбедноста и стабилноста на Турција во рамките на борбата против терористичката ДЕАШ (ИДИЛ).
Кирби рече: „Ние го продолжиме дијалогот со Турција за искористување на алтернативите во точката на применување на најефикасните методи.“
Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби истакна дека Турција е значаен сојузник на НАТО, близок пријател и силен партнер.
Кирби рече: „Ние сме задоволни од тоа што Турција ги отвори своите бази за САД и земјите членки на меѓународната коалиција.“