Ердоган направи проценка на работите за состав на нова влада

Претседателот Ердоган направи проценка на неповолниот резултат од коалиционите разговори помеѓу Партијата за правда и развој (АК Партијата) и Републиканската народна партија (ЏХП)

327346
Ердоган направи проценка на работите за состав на нова влада

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во градот Ризе каде што отпатува по повод церемонијата на свечено отворање на неколку новоизградени објекти се осврна на работите за формирање на коалициона влада.

Притоа во врска со неповолниот резултат од коалиционите разговори помеѓу Партијата за правда и развој (АК Партијата) и Републиканската народна партија (ЏХП), Ердоган рече: „Вчерашниот резултат всушност не беше одлучувачки.“

Потсетувајќи дека премиерот Ахмет Давутоглу планира да оствари средба со претседателот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели, Ердоган истакна дека најпрвин треба да се види каква слика ќе се појави по оваа средба и тек потоа да се направи проценка на конечната состојба.

Во однос на алтернативата задачата за составување на новата влада да му се додели на претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу пак, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Условите се изменија многу. Најпрвин да ја видиме конечната состојба и потоа ќе ја донесеме и нашата одлука.“

 


Тагови:

Слични вести